ФОТО | Во дворот на пензионерот Павле Ѓоргиевски: Село Логоварди може да се гордее со овој господин!

Фото: Приватна архива

Денес разговараме со Светлана Котевска која ни раскажува цветна приказна за преубавиот двор на нејзиниот татко Павле Ѓоргиевски.

ФОТО приватна архива

Ѓоргиевски се занимава со одгледување цвеќе веќе цели 25 години.

– Низ долгогодишниот период освен што се занимава со продажба професионално, во пензионерските денови реши да го разубави дворчето мотивиран од Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО… – ни раскажува Светлана.

Ја прашуваме дали и таа ја наследила страста од татка си за цвеќињата и растенијата?

– Мојата страст кон цвеќињата е вродена, таа ме маѓепсала уште од мали нозе. Ги обожавам цвеќињата, краток период и се занимавав со цвеќарство и аранжман, ни одговара.

ВО ДВОРЧЕТО НА ПАВЛЕ ЃОРГИЕВСКИ ДОМИНИРААТ ХРИЗАНТЕМИ, БОНБОНЧИЊА, КАВАЛЕР ДАМА, САРДЕЛИ КАЛИОПА, РУЖИ, КАЛИ, ДАЛИИ, ПАМПАС И МНОГУ ДРУГИ УБАВИЦИ.

Овој господин цвеќињата ги одгледува со голема љубов, па затоа и целодневниот ангажман околу нив за него не претставува никаков напор, туку задоволство.

Дворот се простира на околу 200 квадратни метри, а се наоѓа во с.Логоварди, Битола.

Ја замолуваме Светлана да ни даде еден градинарски совет за оние кои сакаат да почнат со одгледување на цвеќиња, од кои цвеќина да почнат?

– Кога ќе го купите првото цвеќе после тоа не може да запрете, особено ако му пружите љубов тоа ќе ви возвраќа со цветање. Наједноставни за одледување се…

Целиот текст прочитајте го ТУКА.
Извор: Еспресо.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот