Виктор Апостоловски и сопругатаа Милена / Фото: Фејсбук/Виктор Апостоловски

ФОТО | Виктор Апостоловски стана татко на момче: „Дојде првиот маж во Апостоловци, ќе го викаме Адам“

Пејачот Виктор Апостоловски стана татко. Со објава на својот инстаграм-профил, тој вчера ја сподели среќната вест дека неговата сопруга Милена се породила и на свет донела машко дете.

Во видеото кое го сними од болница, Апостоловски откри дека синчето го добило името Адам, истакнувајќи дека во семејството „стигнал првиот маж“. Неговата искрена радост и возбуда веднаш предизвикаа бројни честитки од колеги и следбеници.

Пејачот и Милена, кои се во брак од 2023 година, многу внимателно ја чуваа бременоста подалеку од јавноста и официјално ја потврдија веста само неколку недели пред породувањето. Виктор тогаш раскажа дека Милена се чувствува одлично и дека двајцата со нетрпение го очекуваат моментот да станат родители.

Нивната љубовна приказна започна сосема спонтано – се запознале во маркет во Битола, а подоцна откриле дека уште како дете Милена била негов фан и чувала плакат од него.

Апостоловски, кој на публиката ѝ е познат уште од учеството во музичкото реално шоу „Македонски идол“ и по хитот „Супермен“ на националниот Избор за песна на Евровизија, сега ја започнува улогата на татко – најубавото поглавје, како што вели самиот тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот