ФОТО + ВИДЕО | „Вие сте ми најголемиот сон!“: Селин Дион се појави на концертот на балканскиот шармер Стјепан Хаусер

Стјепан Хаусер и Селин Дион со нејзините синови / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Хрватскиот музичар и виолончелист Стјепан Хаусер, член на познатото дуо „Ту челос“, деновиве е на турнеја во Америка, каде изминативе денови на еден од неговите настапи гостувала славната пејачка Селин Дион.

Светски познатата дива веќе две години не се појавува толку често во јавноста, бидејќи боледува од тешка невролошка болест позната како синдром на вкочанета личност.

Вистинска привилегија е да се види Селин во јавноста, а кога се појавила на настапот на Хаусер настанал вистински хаос. Хрватскиот музичар многу добро знаел како да ѝ угоди на својата важна гостинка, па специјално за неа отсвирал обработка од насловната песна „My Heart Will Go On“ од филмот „Титаник“ (Titanic) која ја пее токму Селин.

Преплавена од емоции, таа седела до самиот крај, целосно занесена во настапот на сцената. По завршувањето на песната, Селин станала со остатокот од публиката и одушевено му аплаудирала на Хаусер.

Таа се заблагодарила и кимнала со главата во знак на почит кон присутните на концертот. Покрај тоа, Селин им испратила и неколку бакнежи заедно со слатки зборови на благодарност.

Балканскиот шармер се обидел да ја убеди да му се придружи на сцената, но таа учтиво го одбила и му дала знак со раката дека треба потоа да разговараат.

– Ви благодарам што сте тука, за нас е голема чест. Уживајте во остатокот од шоуто – ѝ рекол потоа Хаусер на Селин Дион.

Двајцата имале можност официјално да се сретнат и да разговараат по концертот зад сцената. Селин тогаш не го криела воодушевувањето од неговата работа и дело, а била направена и заедничка фотографија.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

„Долго го чекав овој момент! Ви благодарам што дојдовте со вашето семејство на мојот концерт во Вегас, ми беше чест!“, стои во описот на нивната заедничка фотографија на социјалната мрежа Инстаграм.

„Се навикнав…“: Приказната на Селин Дион станува сè потажна, пејачката откри што правела пред настапите

Селин Дион за болеста: Толку многу ми се грчат мускулите, што ми се кршат ребрата

ФОТО | Среде борбата со тешката болест: Селин Дион се појави на годинашните награди Греми

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот