ФОТО+ВИДЕО | „Ван Гог“ ја добија престижната награда „ГОДУМ“ за најдобар рок бенд за 2023
Шестото годишно доделување на наградите на Здружението на џез, забавни и рок музичари „ГОДУМ“ се одржа во средата на 18 октомври во Белград. Манифестацијата имаше дополнителна симболика бидејќи покрај доделувањето на годишните награди, беше одбележан и јубилејот 70 години постоење и работа на ова здружение.
Препорачано
Наградата за најдобар рок бенд на годината ја доби белградската група „Ван Гог“, кои скоро четири децении се активни и професионални репрезенти на рокенролот во целиот регион.

Фронтменот на групата Звонимир Ѓукиќ – Ѓуле се заблагодари на Здружението за ласкавата награда и изјави дека во вакви емотивни моменти зборовите се оскудни и дека како група им е чест да бидат на сцената со сите други лауреати на годината.
„Да не беа „Ју група“, „Смак“, „Рибља чорба“, веројатно никогаш немаше да земеме перце во раце. Ви благодариме на сите што упорно се борите против актуелното културно недоразбирање. Сакаме да го оставиме овој свет на нашите деца. Сѐ зависи од нив. Бидете на страната на сите нас. Ако престанеме сите заедно, тогаш навистина губиме сѐ, а тоа не го сакаме“, рече Ѓуле.
На церемонијата во придружба на ревискиот оркестар на РТС, Ѓуле, Срба и Гага изведоа интересна верзија на песната „Анѓеле мој брате“.




