ФОТО+ВИДЕО | Енергијата на „Ван Гог“
Во рамки на одржаниот Пиво фест 2023 во Белград, вашиот репортер беше на местото на настанот; како и секогаш, музика, насмеани лица, младост и жар.
Препорачано
Времето ги расипа плановите на организаторот, па настанот наместо во минатиот петок – започна во сабота, со најава на бендовите „Партибрејкерс“ , „Ван Гог“ и „Инкогнито“.
Нескромно ќе звучи, но „Ван Гог“ е победник на вечерта; тоа беше воочливо по реакциите на публиката која беше неподелено еуфорична.

Со појавата на Ѓуле на сцената, на „Ушќе“ експлодира вулкан од овации а просторот се запали во ритамот на рокеролот! Се разбира, за тоа беа неопходни часови тонска проба, припреми, аутфит и сл.
Професионалците на „Ван Гог“ уште еднаш покажаа зошто после 35 години „Ван Гог“ жари и пали на балканските простори. Уиграниот тим на фронтменот Ѓуле едноставно секогаш најдоброто од себе без калкулации го даде на својата верна публика до последниот такт на нивниот настап.
Атмосферата беше неверојатна, па затоа е подобро да ја погледнете галеријата на видеа и слики од настанот, со надеж дека „Ван Гог“- овата енергија ќе се прелее во некој од градовите во нашата земја и ќе ги израдува своите бројни фанови.







