Фото: Икс/ Lou Hartigan

ФОТО + ВИДЕО | Осумгодишниот пекинезер Вајлд Танг е најгрдото куче на светот во 2024

Осумгодишниот пекинезер по име Вајлд Танг победи на натпреварот за најгрдо куче во светот во 2024 година.

Кучето учествуваше во натпреварот пет пати, а три пати беше второпласиран пред конечно да ја освои главната награда оваа година, пишува „Скај њуз“.

Вајлд Танг добил вирусна инфекција уште како кученце, според неговата биографија. Преживеал, но не без трајни оштетувања – забите не му пораснале, а има проблеми и со ногата. Освен физичките недостатоци, тој е здраво и среќно куче, вели сопственикот.

Тој и неговата сопственичка Ен Луис освоиле парична награда од 5.000 долари. Кучето е родено и израснато во Лос Анџелес, а моментално живее со својот сопственик во Норт Бенд, Орегон.
Натпреварот за најгрдо куче во светот се одржува речиси 50 години и „ги слави несовршеностите што ги прават сите кучиња посебни и уникатни“, се вели на веб-страницата на настанот.

Настанот „не е за исмејување на грди кучиња“, велат тие понатаму, „туку за забава со некои прекрасни ликови и покажување на светот дека овие кучиња навистина се убави“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот