Анок Јаи - Фото. принтскрин/ Инстаграм

ФОТО+ВИДЕО | Најдобрата манекенка во светот за 2025 година е оперирана поради ретка болест на белите дробови

Манекенката од Судан, Анок Јаи, откри дека ѝ е дијагностициран вроден дефект на белите дробови, кој постепено ја оштетува нејзината респираторна функција и го оптоварува срцето, пишува „Пипл“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ROCK (@anokyai)

„Во последната година водам тивка битка“, напиша таа покрај снимки од болница. Болеста до неодамна била главно асимптоматска и била откриена поради долготрајно кашлање.

„Кашлањето премина во болки во градите, напади на кашлање со крв и понекогаш отежнато дишење. Одлучив да се справам со тоа додека барав вистински лекар и вистинско време. Брзо сфатив дека никогаш нема да има ‘вистинско време’. Моето здравје ќе продолжи да се влошува“, напиша Анок.

Таа објасни дека првично мислела дека може да го игнорира проблемот, но сфатила дека мора да преземе конкретни чекори. Подложена е на роботска операција на белите дробови, благодарение на тимот на докторите Роберт Церфоли и Хармик Сукиасиан, по што започнал процес на закрепнување.

Роботската торакална хирургија е минимално инвазивна процедура која се користи и во некои случаи на рак на белите дробови.

Анок Јаи неодамна беше прогласена за манекенка на годината од Британскиот моден совет, а наградата ѝ беше доделена на почетокот на овој месец за време на Модните награди 2025 во лондонскиот Ројал Алберт Хол.

ФОТО+ВИДЕО | Таа е најубавиот модел за 2025 година: „Живата кукла“ го освои светот на модата!

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот