ФОТО+ВИДЕО: Маж уапсен откако со лак и стрела убил и ранил неколку лица во Норвешка

Полиција во Норвешка/ Фото Twitter Screenshot

Норвешката полиција уапси маж кој убил и ранил неколку лица со лак и стрела на улиците во Когсберг, пренесува Ројтерс.  

Човекот е уапсен откако повреди и уби неколку луѓе со лак и стрела, а неколку области биле евакуирани, а полицијата вели дека е рано да се каже дали нападите се поврзани со тероризам. 

“Човекот е уапсен. Според информациите што ги имаме, ова лице ги извршило овие дејствија сам”, изјави на новинарите шефот на полицијата Оивинд Аас. 

„Неколку луѓе се повредени, а неколкумина се мртви“, рече Аас. 

Тој одби да коментира за бројот на жртви. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот