ФОТО + ВИДЕО | Килијан Марфи позираше за „Џи-кју“ и ги воодушеви обожавателките: Ова е премногу за мене

Фото: Инстаграм/ gq

Ирскиот актер Килијан Марфи позираше за магазинот „Џи-кју“ и со тоа воодушеви многу обожавателки кои денес го сметаат за секс симбол.

Марфи ја краси насловната страница на мартовското издание на „Џи-кју“, а познатиот магазин објави фотографии од актерот на социјалните мрежи. Во коментарите под фотографиите одговорија бројните фанови на Марфи.

Фото: Инстаграм/ gq

„Го гледав ова видео одново и одново. Тој е толку убав“, „Имај милост“, „Колку секси во едно видео“, „Ова е премногу за мене“, беа дел од коментарите.

 

Марфи минатата година ја играше главната улога во филмот „Опенхајмер“, а многумина му предвидуваат дека ќе добие Оскар. И покрај тоа што е светска ѕвезда, неговиот приватен живот е тивок, а тој живее во Даблин со сопругата Ивон Мекгинис со која е во брак 20 години и нивните деца.

Фото: Инстаграм/ gq

“Се дружам со неколку актери, но повеќето од моите пријатели не се од оваа работа. Сакам и кога не работам. За мене како актер голем дел од истражувањето се однесува на самото постоење или нормален живот каде правам нормални работи и го набљудувам светот околу мене“, изјави тој за споменатиот магазин и откри дека луѓето често му велат дека е повлечен и дека се однесува како да не сака да дава интервјуа.

“Тоа не е вистина. Сакам да зборувам за работата, за уметноста. Но, мислам дека е непотребно кога некој ќе ме праша: “Кажи ни нешто повеќе за себе”, рекол Марфи, а објаснил и зошто не се фотографира со фановите. Сепак, тој учтиво разговара со секој што ќе му пријде.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот