ФОТО + ВИДЕО | Хрват одгледал тиква тешка 326 килограми: Ја преместувале со багер

Фото: Инстаграм/ ePodravina

Жељко Иворек од Шемовац, населба во општина Вирје, Хрватска, веќе пет години е „опседнат“ со одгледување украсни тикви, вклучувајќи ги и џиновските „кралици на есента“, благодарение на семките што ги добил од Соединетите Американски Држави.

Неговата градина редовно привлекува внимание во текот на есента поради џиновските тикви, кои се доказ дека неговиот напор во ова необично хоби сè уште дава резултати.

– Првата џиновска тиква успешно ја одгледав пред три години, а оваа сезона го достигнав својот рекорд. Сега пред домот имам тиква тешка 326 килограми, а претходните години тежината беше околу 220 килограми – вели Жељко Иворек и открива дека за да ја стави тиквата пред неговата куќа морал да употреби багер, пишува „Еподравина.хр“.

Фото: Инстаграм/ ePodravina

За џиновска тиква, додава тој, потребна е голема грижа бидејќи ако не се храни постојано, тогаш без разлика на семките нема да достигне голема тежина.

– Тиквите оваа сезона се создадени од канадски семки, а во следната планирам да ги измешам со американски семки од тиква. И кај нас во Хрватска има љубители на одгледување џиновски тикви и постојано сум во контакт со нив, бидејќи желбата ми е да имам тиква тешка најмалку половина тон. Постојано разменуваме искуства и секој совет е добредојден. Сега планирам да разменам семе со нив за да видам какви резултати ќе даде вакво „вкрстување“ – вели Жељко Иворек.

@epodravina.hr Željko Ivorek uzgojio tikvu tešku 326 kilograma #epodravina #jesen #tikva #okucnica #podravina ♬ original sound – ePodravina.hr

Неговата градина е вистинска атракција токму поради џиновската тиква, а бидејќи куќата се наоѓа веднаш до националниот пат, минувачите често застануваат и се фотографираат со необичното есенско овошје.

Фото: Инстаграм/ ePodravina
Фото: Инстаграм/ ePodravina
Фото: Инстаграм/ ePodravina

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот