ФОТО+ВИДЕО | 75 години од пробојот на логорашите во „фабриката на смртта“ Јасеновац

ZAG02-19980419-JASENOVAC: Former death-camp prisoners, victims' relatives and Croatian Jews visit the memorial monument of the former Nazi concentration camp near Jasenovac, 19 April. More than 1000 people came to the former death-camp , most of them former prisoner, to celebrate the 53rd anniversary when the camp was liberated by Soviet troops. EPA PHOTO/EPA/ANTONIO BAT

Околу 600 преживеани затвореници во озлогласениот логор на смртта Јасеновац, во нацистичка Хрватска, на денешен ден во 1945 година тргнале во очајнички јуриш за слобода. Преживеале само 60. Јасеновац инаку е најголемата „фабрика на смрт“ на Балканот за време на втората светска војна, и место каде хрватските усташи од летото 1941 до 30 април 1945 убиле стотици илјади Срби, Евреи, Роми и антифашисти, меѓу кои и голем број на деца.

 Депортирање на Срби и Роми во двата озлогласени логори на смртта Јасеновац и Козаре / Југославија / Јули 1942 / Фото: Muzej Revolucije Narodnosti Jugoslavije

Јасеновац е најголемиот Балкански концентрационен логор, кој се наоѓал во тогашна НДХ, на просторот на окупираното кралство Југославија за време на втората светска војна. Формиран е во август 1941 од страна на воениот слосторник Макс Лубуриќ, кој бил првиот управител. Голем дел од логорот е уништен од усташката војска во април 1945, по примерот на германците, со цел да ги сокријат своите злосторства.

Локација на озогласениот нацистички логор Јасеновац / Фото: US Holocaust Memorial Museum

„Работниот логор Јасеновац“ како што во тоа време го нарекувала хрватската администрација, е место каде што се убивани Срби, Евреи, Роми и антифашисти без разлика на возраст и пол, а бил познат по варварските методи на погубување и по огромниот број на жртви. Јасеновац, покрај логорите во Сисак и Јастребарско, ќе остане запаметен и како еден од оние места во НДХ каде за време на втората светска војна, хрватските усташи со учество на католичката црква убивала деца.

Усташи егзекутираат затвореници во близина на озогласениот логор Јасеновац / Фото: Public domain

Професорот Гидеон Грајф, историчар специјализиран за Холокаустот и автор на монографијата „Јасеновац – Балканскиот Аушвиц – Усташката сурова империја“ наведува дека Јасеновац бил далеку по брутален од логорот Аушвиц.

Нож именуван „Srbosjek“ (Србосек) кој усташите го користеле во Јасеновац за побрзо да ги убиваат Србите / Фото: Public domain

Во процесот на „прочистување на хрватската нација“, во преиод од четири години, 73.316 деца од српска и еврејска националност биле убиени во Независна Држава Хрватска.

Хрватска е единственото место во овој период на просторот на Европа, каде постоеле логори за деца. Голем број на деца, околу 12.000, се спасени од усташкиот погром благодарејќи на Дијана Будисављевиќ.

Трупови на убиените срби, евреи, роми и антифашисти на брегот од реката Сава
Документ кој го направил Генералот Иван Прпиќ, следејќи ги наредните на Маршалот Кватерник, со кој требало да ги ифнормира останаите министерства дека логорот Јасеновац може да прими НЕОГРАНИЧЕН БРОЈ на затвореници

 

 

Бројот на жртвите во Јасеновац никогаш не е точно утврден, но Хрватска комисија формирана по крајот на војната 1945, констатира во извештај за меѓународниот воен суд во Нирнберг дека бројот на жртвите е помеѓу 500.000 и 700.000 лица.

Германските генерали од овој период на судот дале доста различни податоци, но тоа што е заедничко со констатацијата на комисијата е дека се работи за стотици илјади жртви.

Оваа година, за разлика од 2014, на официјалната државна комеморација освен претставниците на српското малцинство и еврејската заедница, како и сојузот на борци, присуствување и претседателот на република Хрватска.

Краток говор одржаа претседателот на хрватска Милановиќ, претседателот на собранието Јандроковиќ и премиерот Пленковиќ, како и претседателот на советот на србите Милорад Пуповац.

Минатите пет години немаше претставници на државниот врв на Хрватска, а поранешниот претседател, Колинда Грабар-Китаровиќ на комеморацијата испраќаше само свои претставници.

Од 2016 година, претставниците на србите, еврејската заедница, ромското малцинство, но и хрватската антифашистичка организација одбиваа да присуствуваат на државните комеморации поради обидите на Хрватска за ревизија на своето усташко минато за време на втората светска војна.

Поранешниот командант на Јасеновац, Динко Шакиќ го слуша сведокот Миленко Бобанач на судењето за обвинениеата против него, кои вклучуваа злосторства против човештвото, убиства, тортура и малтретирање на затвореници / 24 март 1999 година, Загреб, Хрватска / Фото: EPA PHOTO POOL/ANTONIO BAT

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот