Маја Гроздановска - Панчева / Фото: Фејсбук/Маја Гроздановска - Панчева

ФОТО | Ваква не ја знаеме: Маја Панчева во досега невидено издание

Маја Гроздановска – Панчева објави слика од неа во издание во какво не сме ја виделе досега.

Убавата пејачка во мај ќе наполни 53 години и многумина го коментираат нејзиниот младешки изглед. Таа објави слика како вежба наутро, и покажа зошто е во толку добра форма.

Сопругата на фудбалската легенда Дарко Панчев во една прилика раскажа какос се запознале со сопругот.

Тоа било пред 30 години, а и двајцата денес велат дека многу брзо си се допаднале еден на друг. Денес се горди родители на две ќерки, Надица и Марија.

„Дарко беше тој што иницираше контакт, и некако се се случи толку спонтано да се запознаеме, и да бидеме искрени еден кон друг. Многу брзо си се допаднавме“, рече Маја Панчева, која е хористка во Националната опера и балет за својот сопруг.

Во една прилика за „Слободен печат“ таа зборуваше за својот начин на живот и здравите навики.

„После вежбањето појадувам и се подготвувам за на работа. Во принцип мојот појадок се состои од една чаша природен сок, кој си го приготвувам навечер пред спиење и со него консумирам јаткасти плодови“, рече пејачката.

Младоликоста, негуваниот изглед и скромноста на Маја е нешто за кое често во јавноста се зборува и се коментира, но уште нешто вредно за неа е другарскиот однос со ќерките.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот