ФОТО | Уште еден успех за Тони Матичевски: Тејлор Свифт облече фустан на дизајнерот со македонско потекло

Тони Матичевски на една од своите ревии и Тејлор Свифт во нејзиниот најнов видеозапис / Фото: Profimedia/Инстаграм/Тејлор Свифт

Американската пејачка Тејлор Свифт (34) е најакутелното име во светот на музиката, особено откако  го објави својот единаесетти студиски албум „The Tortured Poets Department“.

Една од првите песни од албумот кои добија свој видеозапис е дуетската песна „Fortnight“ со рапeрот Пост Малоун. Сосема очекувано, овој спот е вистински успех во однос на гледаноста – има речиси 23 милиони прегледи за еден ден.

Но, она што го привлече вниманието кај љубителите на модата е белиот екстравагантен фустан што го носи пејачката во неколку сцени од видеозаписот, а е со потпис на австралискиот дизајнер со македонско потекло Тони Матичевски.

Фото: BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

Во изјава за „Дејли мејл“, тимот на Матичевски потврди дека Свифт е првата која го облекла ова модно парче од 6.200 долари и дека нејзините стилисти стапиле во контакт со него уште пред доделувањето на годинашните музички награди Греми, кога таа го најави нејзиниот нов студиски албум.

Фустанот во боја на бисер има „скулптурална силуета“, аголно деколте и збир на вештачки збрчкан материјал на колкот за да се открие бутот.

Да потсетиме, Тони Матичевски долги години е еден од најпознатите дизајнери во Австралија, а негови креации носеа повеќе дами од светската сцена – Џенифер Лопез, Хајди Клум, Бијонсе, Џејми Кинг, Пенелопе Круз и многу други.

Матичевски има македонско потекло, роден е во Мелбурн каде неговите родители се преселиле во седумдесеттите години.

На прашањето дали Македонија и модата на Балканот имаат некакво влијание врз неговата работа, тој одговир дека иако тоа е дел од неговите корени, сепак, за неговите колекции не црпи инспирација од етно традицијата.

„Што се однесува до модата на тие простори, за жал, не сум имал време да се информирам за рабоатата на дизајнерите, но се надевам дека тоа наскоро ќе се промени. Во странство често се сретнувам со луѓе од тие простори, а општиот впечаток е дека на Балканот има многу креативни, но и несфатени луѓе“, изјави Матичевски за „Ел“.

„Сега мојата приказна е и ваша“: Тејлор Свифт го издаде својот 11. студиски албум „The Tortured Poets Department“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот