Вуди Харелсон
Малечката Кора и Вуди Харелсон / Фото: Твитер, Даниел Малвена/EPA-EFE/ETTORE FERRARI

ФОТО | Урнебесно: Девојче многу потсетува на Вуди Харелсон, актерот ѝ посвети песничка

Даниел Малвена, која е млада мајка од Северна Ирска, сподели фотографија од нејзината деветмесечна ќерка Кора и се пошегува дека девојчето многу потсетува на актерот Вуди Харелсон.

„ОК, но како нашата ќерка личи на Вуди Харелсон“, напиша Даниел во описот на фотографијата.

За кратко време, објавата стана вирална на социјалната мрежа Твитер и насмеа многумина. Еден од нив е и самиот актер, кој реши да ѝ посвети шеговита песничка.

Ода за Кора

Ти си неодоливо дете,
Поласкан сум што сум споредуван,
Имаш преубава насмевка,
Само посакувам да ја имав твојата коса.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Woody Harrelson (@woodyharrelson)

Мајката веднаш му се заблагодари за оваа симпатична реакција и му искоментира дека Кора ќе биде негов фан засекогаш.

„Ни го разубави денот. Едвај чекам да ѝ го покажам ова кога ќе порасне, имаш уште еден фан доживотно“, му искоментира таа на објавата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот