ФОТО: Украински војници наводно уништиле тенк „Леопард 2“ учејќи да го возат

Фото: Твитер

Поранешниот офицер на полската војска, Пјотр Павелка, на Јутјуб тврди дека украински војници кои се на обука во Полска за управување со тенкови „Леопард 2“, учествувале во несреќа во која е уништен еден ваков тенк.

Според Павелка, тенкот „Леопард МБТ“ се судрил со друг тенк, при што му е откорната куполата. Тој објави и фотографии од наводниот уништен тенк. Ниту полската, ниту украинската армија досега не го потврдиле инцидентот.

Фото: Твитер

На социјалните мрежи се појавија и други верзии за инцидентот – според една, за време на обуката во Полска, тенкот наводно неуспешно се спуштил по рид, при што цевката од топот се забила во земја и ја откорнала куполата. Засега нема начин да се потврди точноста на која било од овие две верзии за случајот.

Фото: Твитер

Украински војници пред неколку дена започнаа „забрзан курс“ за управување и користење на тенковите „Леопард 2“ во Полска, кој ќе трае еден месец, под раководство на инструктори на НАТО.

Полска ја испорача првата серија германски тенкови „Леопард-2А4“ во Киев на 24 февруари, а испораките од другите земји-сојузници треба да продолжат во наредните недели. Тенковите од овој модел се произведувале од 1985 до 1992 година и тие денес, во зависност од тоа колку се обновени и во каква состојба се наоѓаат, се продаваат по цени од половина милион до 4-5 милиони евра по возило.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот