ФОТО | „Третата журка на Мина“: Александар Белов и сопругата го прославија роденденот на ќеркичката
Пејачот Александар Белов, јавноста го запозна пред многу години преку регионалното шоу „Операција триумф“. Тој денес живее во Крагуевац, Србија, каде што покрај постојаните настапи со својот бенд, работи и како водител на радио.
Препорачано
Пејачот е во среќен брак со сопругата Јелена со која ја има малата Мина. Деновиве нивната ќеркичка го прослави својот 3. роденден, а гордите родители споделија неколку фотогафии од забавата со најмалите. Слатката славеничка ги дувна свеќичките на роденденската торта и со насмевка на лицето си играше со другите дечиња.
View this post on Instagram
„Третата журка на Мина“, напиша Јелена во заедничката објава со Александар на Инстаграм.
„Секој ден е најубав со твојата насмевка која ја делиш со нас. Среќен 3. роденден“ – напиша Александар во посебна објава на неговиот инстаграм-профил.
View this post on Instagram


