ФОТО | Трета среќа за Кејли Куоко: Се сврши ѕвездата од популарната серија „Бубалици“
Американската актерка Кејли Куоко (38), најпозната по улогата на симпатичната Пени во серијата „Бубалици“, на својот Инстаграм објави дека по две години врска се свршила со американскиот актер Том Пелфри (42).
Препорачано
Кејли минатата година доби дете со Том и целосно му се предаде на мајчинството, но се чини дека наскоро ќе заплови по брачните води и тоа по третпат.

Имено, убавата русокоса на социјалните мрежи ја објави свршувачката со партнерот и татко на малата Матилда, чии заеднички моменти редовно ги споделува со јавноста.
„Колку прекрасно, диво патување може да биде животот. Благодарна сум за секој пат што ме одведе директно до тебе“, напишала Куоко покрај фотографијата од вереничкиот прстен.

Таа е во врска со актерот две години, а го запознала преку заедничкиот менаџер Андреа Пет-Жозеф.
„Го слушнав неговиот глас, се свртев и се чинеше како мојот живот да заврши или штотуку почна. Ме погоди. Тоа беше љубов на прв поглед“, ја опишала Куоко оваа судбоносна средба во 2022 година.
Инаку, актерката беше во брак со тенисерот Рајан Свитинг од 2013 до 2016 година и со Карл Кук од 2018 до 2021 година. Набргу потоа го запознала Том со кој сега ја бара третата среќа во бракот и љубовта.


