Трамп на Светскиот економски форум во Давос/Фото: Fabrice COFFRINI / AFP / Profimedia

ФОТО: Tрамп јава поларна мечка на насловната страница на „Економист“ по договорот со Гренланд

Неколку часа по неговите најави за Гренланд во Давос, Доналд Трамп е на насловната страница на „Економист“, со текст под наслов: „Вистинската опасност што ја претставува Доналд Трамп“.

Американскиот претседател се појавува гол до појас, седејќи на поларна мечка, иконското животно на Арктикот.

Списанието директно го поврзува договорот што вчера го објави американскиот претседател со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте , според кој САД и нивните европски сојузници ќе соработуваат и во развојот на противракетниот штит „Златна купола“ и во рударството на минерали во Гренланд.

Всушност, договорот, според Трамп, ќе трае „засекогаш“ и ќе го опфаќа не само Гренланд, туку и целиот Арктик.

„Бидете среќни што Трамп е реизбран за претседател на САД“, порача шефот на НАТО

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот