ФОТО | „Тоа мора да е љубов“: Северина доби „честитка“ за 8 Март од поранешниот партнер

Северина и синот Александар на Малдиви и судската покана од нејзиниот поранешен партнер, Милан Поповиќ / Фото: Инстаграм, Северина

Хрватската пејачка Северина Вучковиќ сѐ уште води судски спор за синот Александар со нејзиниот поранешен партнер, Милан Поповиќ.

Имено, Поповиќ денес, на Денот на жената, ѝ испратил судска покана за ново рочиште кое треба да се одржи на 21 април, на датумот кога е родена пејачката. Во документот како обвинет се споменува и Дарио Будимир, адвокатот на Северина, а како кривично дело се споменува членот 149 став 1 кој се однесува на клевета.

„Колку прекрасна честитка за Денот на жената. Ме поканија (на суд) на датумот на мојот роденден, прекрасно. Човек би си рекол дека правната држава функционира. Ми го згрешиле и презимето. Имам повеќе од сто вакви покани. Тоа мора да е љубов. Нека ви е среќен Денот на жената“, напишала Северина во описот на фотографијата од судската покана на која е именувана со презимето од поранешниот сопруг, Игор Којиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

ФОТО | Северина со поздрав од Малдиви: Кој би рекол дека има 50 години

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот