ФОТО | Тежи 18 тони: Нова пирамида вo Египет „изградена“ од отпад

Фото: Profimedia

Новата египетска пирамида е дело на движењето „100YR Cleanup“ – иницијатива на „Zero Co“, која планира да финансира големи расчистувања на ѓубре ширум светот во следните 100 години.

Пирамидата е изградена во текот на пет дена во западната пустина во близина на Каиро од милион пластични шишиња и друг отпад пронајден во реката Нил. Таа е повисока од просечната трикатна зграда, а тежи неверојатни 18 тони.

Фото: Profimedia

Тие веруваат дека се потребни точно 100 години за да се исчисти планетата од ѓубре. Истовремено, тие сакаат да ги поттикнат луѓето поодговорно и свесно да користат пластични предмети за еднократна употреба, кои ги загадуваат природните ресурси на целата планета.

Со цел да го прослави почетокот на иницијативата, но и да ги привлече луѓето да се вклучат во акцијата, креаторот на идејата Мајк Смит три дена кампуваше на врвот на таа пирамида.

Фото: Profimedia

„100YR Cleanup“ моментално е во процес на собирање 1 милион американски долари за финансирање на првата година од чистењето. Се верува дека во првите 365 дена од акцијата ќе бидат извлечени 15 милиони фрлени пластични шишиња од океанот, од Хималаите и Египет, а во Австралија и Индонезија ќе се формираат одреди за чистење кои ќе го отстрануваат ѓубрето од природата секој работен ден. на неделата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот