ФОТО | Тамара Тодевска ѝ го честиташе 50. роденден на сестра ѝ Тијана: „Те сакам до ќошот на вселената!“
Пејачката Тијана Дапчевиќ денеска го слави својот јубилеен 50. роденден, а по тој повод ѝ пристигна и емотивна честитка од нејзината помлада сестра Тамара Тодевска.
Препорачано
Тамара ѝ посвети објава на својот инстаграм-профил, каде сподели фотографија од Тијана и ѝ напиша дека ја сака „до ќошот на вселената“.
„Љубице моја, милице, душице, сестрице. Биди ми жива и здрава уште минимум 50-ка. Среќен роденден. Те сакам до ќошот на вселената“, напиша Тамара.

Сестрите Дапчевиќ–Тодевска се познати како исклучително блиски и често во јавноста често ја покажуваат меѓусебната љубов и поддршка.
„Да не беше ти, ќе ме немаше ни мене. Ти си мојот прв идол и пример. Мојата најдобра другарка и најголема поддршка“, кажа Тамара пред неколку години, кога исто така ѝ го честиташе роденденот на сестра ѝ.
Да потсетиме, Тијана Дапчевиќ е македонска пејачка и професорка по виолончело, родена на 3 февруари 1976 година во Скопје. Потекнува од угледно музичко семејство – нејзиниот татко Велко Тодевски е музичар и професор по контрабас, мајка ѝ Брана Тодевска е оперска пејачка, а сестра ѝ Тамара Тодевска е едно од најуспешните имиња на македонската естрадна сцена.

Дапчевиќ дипломирала на Факултетот за музички уметности во Скопје во 1999 година, а активна е на музичката сцена од 1996 година. Во својата кариера има објавено пет студиски албуми, бројни хитови во Македонија и во регионот, како и настапи на најзначајните музички фестивали. Во 2014 година ја претставуваше Македонија на Изборот за песна на Евровизија со песната „To The Sky“.
На приватен план, Тијана од 2001 година е во брак со поранешниот кошаркар Милан Дапчевиќ, а заедно го имаат 17-годишниот син Вук.



