ФОТО | Свадбените прослави на нашите познати дами: Три дена свадба, инфузија за невестата и многу танцување

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Коронавирусот ги одложи нивните свадбени планови, но не и нивната љубов. Нашите познати дами кои оваа година „стапнаа на лудиот камен“ ја споделија радоста со своите најсакани креирајќи незаборавни моменти кои ќе останат вечно во нивните сеќавања како најубав спомен. Големи подготовки, прекрасни невестински фустани, многу гости, но и многу стрес и инфузија за невестата. Сепак, по првиот свадбен танц се заборава на сѐ!

Елена Стефановска (Најдовски), Зорица Блажева, Ана Стојанова, Марија Груевска и Биба Додева се дел од нашите познати дами кои оваа година го изговорија судбоносното „да“ и споделија значајни моменти од нивните свадбени прослави.


Елена Стефановска, сега веќе Елена Најдовски ја имаше својата свадбена прослава од соништата . Иако поради временските неприлики локацијата на свадбената прослава била променета во последен момент сепак тоа не ја спречило водителката максимално да ужива во својот најсреќен ден. Стефановска ја започна годината со понуда за брак. Таа и нејзиниот партнер Бојан Најдоски за новогодишните празници отпатуваа во Москва и токму таму Елена го кажа судбоносното „да“.


Елена и Бојан минатиот месец официјално стапија во брак и направија свадбена прослава во еден познат скопски хотел, за која уште долго ќе се зборува. На забавата присуствуваа најблиските пријатели, роднини и соработници на парот. Водителката во текот на прославата облече два раскошни фустани.

Традиционално, за најважниот ден од нејзиниот живот таа носеше бела светкава венчаница со корсет и прерамки. Косата ѝ беше фатена во опавче, имаше и прекрасна шминка, а целиот бајковит изглед го надополни со круна и „стаклени чевли“ од модната марка „Џими Чу“. При крајот на прославата водителката и инфлуенсерка раскошната венчаница ја заменила со краток бел фустан со мрежасти елементи и пердуви.


Зорица Блажева која во јавноста е позната под своето уметничко име Зои Блаж во јули заедно со својот сакан организираа свадбена прослава и ја озаконија својата долгогодишна љубов. Зои пред две години ја прифати понудата за брак од нејзиниот веќе официјален сопруг Тадеј Матијашиќ, кој љубителите на спортот го знаат и како поранешен ракоментар на ракометниот клуб „Металург“.


Зои преку социјалните мрежи сподели прекрасни моменти од свадбената прослава. Невестата не ја криеше својата возбуда, но по првиот танц младата инфлуенсерка заборави на тремата и се препушти на забавата. Многу музика, весели гости и добра забава. Зои и Тадеј се погрижиле за сите детали за нивните семејства и гости да уживаат максинално на нивниот најсреќен ден.


Зорица заблеска во две венчаници и тоа една во „сирена“ крој кој ја следеше нејзината совршена силуета и една кратка елегантна венчаница која беше совршена за танцување. Високите потпетици подоцна Зои ги замени со удобни бели патики и продолжи да танцува со својот сопруг и гостите.


Неколку дена по свадбената прослава Зои откри дека покрај солзите радосници кои ги не ги криеше од своите следбеници имало моменти кога морала да побара лекарска помош бидејќи била исцрпена од подготовките.


Инфузија за невестата, многу танцување, совршен фустан, свадба во американски стил, „шот“ за добредојде, но и „пакет“ против мамурлак. Накратко ја опишавме свадбената прослава на фитнес инструкторката Ана Стојанова и нејзиниот избраник Кирил Јовчевски.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @annstojanova


Подготовките околу свадбената прослава може да бидат исцрпувачки, а тоа го откри и првата фотографија на Ана која ја сподели со своите следбеници. Една од најзгодните фитнес инструкторки подготовките за својот најсреќен ден ги започна до доза инфузија. Подготовките, возбудата и секако адреналинот си го направиле своето, но една витаминска инфузија била доволна за Ана да си ја врати силата и да почне да се подготвува.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @annstojanova


Во прекрасниот Охрид, опружени со своите семејства и пријателите Ана и Кирил подготвија свадбена прослава за паметење. Сите гости биле пречекани со алкохолен пијалок, популарно наречен „шот“, а притоа за секој гостин парот подготвил оригинален пакет против мамурлак.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @annstojanova


Невестинскиот фустан на Ана ја следеше нејзината фит линија, а високиот шлиц  беше „неопходен“ при изведбата на првиот свадбен танц на парот. Чевлите од модната марка „Џими Чу“ совршено се вклопија во целокупниот изглед, но високите потпетици набрзо беа заменети со удобни бели спортски патики и светкаво боди совршено за танцување. Заедно со својата „армија“ и присутните гости, Ана танцуваше во нејзин стил на својот најсреќен ден.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @annstojanova


Најекстравагантната учесничка на последната сезона на српското шоу „Ѕвездите на Гранд“, битолчанката Марија Груевска неодамна го изговори судбоносното „да“ на својот долгогодишен избраник, фитнес-тренерот Синиша Стојаноски.

Марија и Синиша ја славеле својата љубов цели три дена. На свадбената прослава присуствувале околу 600 гости, а притоа се испочитувале и дел од традиционалните свадбени обичаи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MR makeup (@_makeup_mr_)


Марија за својот најсреќен ден заблеска во венчаница во која за момент не потсети на дизниевата принцеза – Ариел. Корсетот на венчаницата беше креиран во форма на школки со многу карактеристичен дезен збогатен со бисерни монистри. Класичниот бидермаер кој вообичаено е креиран од свежо цвеќе пејачката го замени со уникатен бидермаер креиран од кристали, школки и морски ѕвезди.

Свадбата на Биба Додева / Фото: Фејсбук, Ана Бунтеска

Пејачката и претседателка на здружението „Борка“, Биба Додева неодамна „стапна на лудиот камен“, овојпат со нејзиниот партнер Срѓан Шрепфлер. Парот ја озакони својата љубов со мала интимна церемонија во еден познат скопски локал покрај своите најблиски пријатели и семејствата. За најсреќниот ден Биба и нејзиниот избраник беа облечени во црно, а пејачката имаше прекрасен шарен бидермаер. Свадбената прослава се оддржа ден по 47- миот роденден на пејачката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот