ФОТО | Среќен роденден Јелена Розга: Пејачката го прослави 44 – тиот роденден

Фото: Инстаграм

Пејачката Јелена Розга го прослави својот 44 -тиот роденден, а на Инстаграм им се заблагодари на сите свои фанови за пораките што ги добива во текот на денот.

Една однајпознатите хрватски пејачки, Јелена Розга, го прослави својот 44 -ти роденден, а на својот Инстаграм, заедно со фотографиите од сплитскиот брег, им се заблагодари на сите за честитките.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Rozga (@rozgajelenaofficial)


„Ви благодарам на сите за прекрасните честитки што ги примам цел ден, моето срце е полно, ве сакам, Јелена“, напиша Розга во описот на фотографиите што собраа речиси десет илјади лајкови за помалку од еден час од објавата. „Наша убавица“, „Среќен роденден на нашата кралица“, „Те сакаме најмногу“, „Убава си“, се само некои од коментарите што ги доби.

Пејачката на фотографиите позира во долго и тесно здолниште и црна блуза без ракави, а модниот избор ја истакнува витката линија на пејачката. Розга изгледот го заокружи со елегантни високи потпетици.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Rozga (@rozgajelenaofficial)


Обожавателите на Јелена Розга често и велат дека изгледа како девојче и дека со годините станува помлада, а многумина велат дека би сакале да личат на неа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот