Златко Јовановски / Викторија Сваровски / Фото: Принтскрин/Инстаграм

ФОТО | Сопственичката на „Сваровски“ облече креација на познатиот македонски дизајнер Златко Јовановски-Џеј Зи Џеј

Талентираниот Златко Јовановски-Џеј Зи Џеј (JZJ) е еден од најуспешните македонски модни дизајнери, кој досега има осмислено креации за повеќе регионални, но и светски ѕвезди. Ава Макс, Муни Лонг, Кеш Дол и Талија се само дел од нив. Креациите на Златко го привлекоа вниманието и на српската поп – дива Јелена Карлеуша со која дизајнерот досега остварил неколку соработки.

Овој пат, ЈЗЈ објави на инстаграм дека Викторија Сваровски, сопственичка на светски познатиот бренд „Сваровски“ носи негова креација.

„Викторија Сваровски, сопственичката на брендот ‘Сваровски’ носи моја креација. Драги пријатели, што и да напишам, малку е. Само ќе кажам, да работите напорно и да верувате во чуда! Дека чуда се случуваат!“, напиша Златко во една од своите инстаграм-приказни.

„Мојот труд, моето време, мојата енергија да го направам мојот бренд светски! Мојата етикета ја има насекаде низ светот! Среќен сум кога мои креации носат дами кои се убави, успешни и имаат можност да облечат кој било… и тие ме избираат токму мене! Тогаш сум поласкан и почестен!“, додаде талентираниот моден дизајнер.

Викторија Сваровски во креација на ЈЗЈ / Фото: Принтскрин/Инстаграм

„Викторија Сваровски изгледа прекрасно во нејзиниот #jzjkingofsparkle фустан! Те сакаме Викторија!“, напиша Јовановски покрај објавените фотографии од Викторија, која ја носи неговата креација, спој на елеганција и гламур.

Викторија Сваровски во креација на ЈЗЈ / Фото: Принтскрин/Инстаграм

ИНТЕРВЈУ | Златко Јовановски: Јас сум совршен маж, ми фали само уште малку погуста коса и пет милиони евра

ФОТО | Спектакуларна креација: Македонскиот дизајнер Златко Јовановски повторно ја облече Јелена Карлеуша

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот