ФОТО: Скопје ужива во мечевите на најдобрите боксери од поранешна СФРЈ

Фото: БФМ

Вчера на плоштадот „Македонија“ се одржаа двете полуфиналиња во регионалната лига во бокс кои ги намамија скопјани и љубителите на „благородната вештина“.

Фото: БФМ

Во првото полуфинале на фајнал-фор турнирот ракавите ги вкрстија боксерите на Лозница и Витезови и патникот во финалето беше одлучен токму во последниот меч.

Фото: БФМ

Санел Хасановиќ со 3:2 го совлада Јосиќ Ќориќ и ја однесе екипата на Лозница во финалето по триумфот од 13:12.

Фото: БФМ

Во второто полуфинале, Црвена звезда оствари убедлив триумф од 18:4 над Железничар .

Фото: БФМ

Финалето е закажано за вечерва во 20 часот на плоштадот „Македонија” во Скопје.

Фото: БФМ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот