ФОТО | Шерон Стоун ја покажа својата прва уметничка изложба во галерија на Хрватка

Фото: Инстаграм/Галерија „Алуш“

Во фокусот на американските медиуми деновиве е актерката Шерон Стоун, која покрај актерските способности, покажува и сликарски талент, кој може да се види на нејзината прва изложба на уметнички слики.

Својата прва изложба, насловена „Пролевање“ („Shedding“), Шерон Стоун ја претстави во галеријата „Алуш“ во Лос Анџелес. Во уметничките кругови веднаш го препознале нејзиниот талент за сликарство, а сега и јавноста има прилика да ја доживее Шерон од еден различен уметнички аспект.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Allouche Gallery (@allouchegallery)


Покрај сликарската умешност на познатата холивудска актерка, вниманието на јавноста во регионот го привлече фактот што уметничката галерија во која е прикажана изложбата на Шерон, е всушност во сопственост на хрватка со американска адреса, Орнела Марч.

Орнела пред да се омажи за Американецот Џосеф Марч, го носела презимето Бешкер, а јавноста ја познава по нејзиното учество во хрватското шоу „Големиот брат“ („Big Brother“) од 2008. Орнела Бешкер тогаш ги полнела таблоидите со нејзиниот приватен живот, кога јавно открила дека е вонбрачно дете на пејачот Иво Амулиќ. Тој ја демантирал Орнела, но подоцна и нејзината мајка Јулијана Бекшер јавно ја потврдила информацијата дека Иво навистина е нејзин татко, по што Орнела се одлучила да го напушти Сплит и да се пресели во САД, каде почнува нов живот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Allouche Gallery (@allouchegallery)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот