ФОТО | Шакира „уловена“ на вечера со згодниот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов видеоспот

Фото: Принтскрин / Инстаграм / Твитер

Шакира беше „уловена“ додека беше на вечера со британскиот актер Лусиен Лависконт во Њујорк откако одржа бесплатен концерт на Тајмс Сквер.

Дуото излегло на вечера во италијанскиот ресторан „Карбоне“, а колумбиската пејачка за оваа пригода избрала целосно црна модна комбинација. Таа комбинираше корсет со врвки со кожни детали, сатенски карго панталони и штикли на платформа.

Пред ова издание, пејачката се појави на Тајмс Сквер каде што настапи пред 40.000 луѓе, а нејзината музичка листа вклучуваше хитови како „Hips Don’t Lie“ и „Te Felicitо“. Шакира ги изненади своите следбеници со „поп-ап“ концерт најавен само неколку часа претходно на социјалните мрежи.

Но, заедничката вечера е она што привлече најмногу внимание, а се случи откако ѕвездата од „Емили во Париз“, Лусиен се појави во спотот на Шакира за „Punteria“.

Колумбиската пејачка претходно направи хаос на мрежите споделувајќи фотографии со згодниот британски актер, каде парот позираше во многу интимно издание.

Инаку, Шакира неодамна проговори за „обновата“ на својот живот по разделбата со Пике. Таа претходно изјави дека се чувствува како да доживува ренесанса во кариерата, а нејзиниот долгоочекуван 12-ти студиски албум „Las Mujeres Ya No Lloran“ беше објавен на 22 март.

Во интервју за „Тајмс“, Шакира го опиша проектот како „преобразување на болката во креативност, фрустрацијата во продуктивност, гневот во страст, ранливоста во издржливост“.

ФОТО | Шакира има нова љубов: Тој е сосема поинаков од Пике

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот