ФОТО | Северина го „запали“ Загреб среде декември во најминијатурно здолниште и корсет: „Мене ми е топло…“
Среде сивилото и студот што владеат во Загреб на почетокот на декември, хрватската пејачка Северина Вучковиќ со својата најнова објава на Инстаграм покажала како му се спротивставува на студот. Со само неколку фотографии и духовит опис, пејачката ја крена температурата на социјалните мрежи.
Препорачано
Северина објавила серија фотографии што ги оставиле нејзините следбеници без здив. Позирајќи на улиците на Загреб, Северина изгледала како штотуку да се симнала од модната писта на некоја светска недела на модата. Но, она што привлече најголемо внимание не беше само беспрекорниот стил, туку и храброста да носи таков стајлинг на температури што би ги натерале повеќето луѓе да бараат засолниште со шолја врел чај.
View this post on Instagram
„Моќта на манифестацијата: ‘Топло е, топло е, топло е, + 30° е, не ми е ладно, топло е, топло е…’“. напишала Северина со објавата и на првата фотографија, на која се гледа целата фигура, вниманието го привлекува сивиот корсет без прерамки. Корсетот совршено ја нагласува нејзината витка фигура и деколтето. Корсетот го искомбинирала со ултракратка мини здолниште изработено од кафеав материјал, чиј преден дел е украсен со драматичен набор, додавајќи доза на авангарда и разиграност на целата комбинација. Таа лежерно префрлила сиво палто преку рамената, парче кое стана неопходно во гардеробата на секоја жена со стил.
Северина е позната и по тоа што сака брендирани модни парчиња, па во раката носела чанта од познатиот италијански бредн „Ботега Венета“, која чини 2.500 евра.
Комплиментите се нижат покрај објавата на пејачката. Ваквата објава не можеше да помине незабележано. Лавина од коментари и „лајкови“ започна за само неколку минути, а нејзините обожаватели и пријатели не штеделе на комплиментите.
„Ти гориш, тоа е сигурно“, „Оваа жена да облече и вреќа за ѓубре, ќе изгледа како милион долари“, . „Прекрасна како и секогаш“, биле некои од коментарите на објавата на Северина.
ФОТО | Северина со емотивна објава и заеднички фотографии му го честиташе роденденот на синот


