ФОТО: Се омажи нобеловката Малала, девојката која Талибанците пред 9 години ја застрелаа во глава

Пакистанката Малала Јусафзаи на 17 години стана најмладиот добитник на Нобеловата награда во која било област, кога во 2014 година ја сподели Нобеловата награда за мир со индиската активистка за права на децата Кајлаш Сатирахи / Фото: Твитер

Добитничката на Нобеловата награда за мир во 2014 година, Пакистанката Малала Јусафзаи, се омажи за својот избраник Асер Малик во Бирмингем. На малата тадиционална свадбена церемонија присуствувале семејствата на Малала и на нејзиниот партнер.

„Денес е посебен ден во мојот живот. Асер (Малик) и јас се врзавме да станеме партнери до крајот на животот. Возбудени сме што заедно ќе чекориме по патот којшто е пред нас“, напишала Малала на Твитер, каде објавила и фотографии од свадбата.


Пакистанката Малала Јусафзаи на 17 години стана најмладиот добитник на Нобеловата награда во која било област, кога во 2014 година ја сподели Нобеловата награда за мир со индиската активистка за права на децата Кајлаш Сатирахи.

Како ќерка на директор во училиште, таа уште на 11-годишна возраст, во блог за Би-Би-Си, се заложи силно за тоа девојчињата да одат на училиште. Во тоа време пакистанската долина Сват беше упориште на талибанците и Малала го опишуваше својот живот „под чизмата“ на талибанците. Четири години подоцна, на 9 октомври 2012 година е изведен атентат, кога напаѓач влезе во училишниот автобус при нејзиното враќање дома, барајќи ја токму неа и ја застрела со два куршуми во главата и во вратот. Откако беше застрелана, таа им порача на талибанците кои инсистираа на тоа да ја замолчат, дека само го засилиле нејзиниот глас.

Петнаесет годишната Малала преживеа со тешки повреди и беше пренесена во Бирмингем, Велика Британија, каде оттогаш живее заедно со семејството.

Минатата година ги заврши студиите по филозофија, политика и економија на Универзитетот Оксфорд. Малала и натаму се залага за образование на девојчињата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Malala (@malala)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот