Александра Пилева / Фото: Фејсбук/Александра Пилева

ФОТО | Се огласи Александра Пилева од Америка со емотивен спомен за Македонија

Александра Пилева, која веќе години живее во Америка, сподели емотивен спомен од периодот кога настапуваше на македонската сцена.

Пејачката во 2013 година, заедно со сопругот Зоран Чадиев – тогашен тренер на женската одбојкарска репрезентација – и нивниот син, се пресели во САД. Оттогаш, повремено настапува за македонските иселеници таму, но ретко се појавува во јавноста кај нас.

Деновиве таа објави фотографии од свој настап на манифестацијата Златна Бубамара на популарноста, потсетувајќи се на 2005 година.

„Ги најдов сликите од еден настап на ‘Златна Бубамара на популарноста’ од 2005. Ја пеам ‘Езеро мое’ од Нина Спирова, штета што нема видео снимка“, напиша Александра, која денес се презива Чадиев.


Пилева остана запаметена како еден од најквалитетните женски вокали кај нас. Еден од нејзините најголеми хитови е „Нема утеха“, песна со која победи на „Макфест“ во 2004 година и која и денес се слуша.

Денес работи како агент за недвижнини и е активна на Инстаграм, каде често споделува семејни фотографии со сопругот, синот и нивните миленици. Во една прилика за „Еспресо“ изјави дека подготвува нов албум.

Од фотографиите може да се забележи дека не се има многу променето од времето кога живееше во Македонија – младешкиот изглед и дух сè уште ги негува.

Се сеќавате на Александра Пилева? Се пресели во Америка пред неколку години, но сега се враќа со нов албум!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот