Се сеќавате на Александра Пилева? Се пресели во Америка пред неколку години, но сега се враќа со нов албум!

Фото: Инстаграм

Веруваме дека повеќето од вас добро ја паметат, бидејќи зад себе остави неколку хитови кои се слушаат и денеска. 

Се сеќавате на пејачката Александра Пилева, која пред неколку години се пресели со своето семејство во Америка?

Веруваме дека повеќето од вас добро ја паметат, бидејќи зад себе остави неколку хитови кои се слушаат и денеска.

И таман кога решивме дека Пилева „расчистила“ со македонската сцена, се излажавме. Таа веќе некое време работи на својот албум кој треба да биде промовиран многу скоро.

– На албумот му се гледа крајот и се надевам дека во најскоро време ќе имате прилика да го слушнете. Ќе биде нешто скроз ново, поразлично од она што го оставив пред неколку години – изјави Пилева накусо за порталот „Еспресо.мк“.

Инаку еден од нејзините најголеми хитови кој го успеа пред десетина години е добро познатата „Нема утеха“.

Уживајте:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот