ФОТО | Се изживувале со бездомно куче: Врие на социјалните мрежи
Фотографија од Белград стана вирална на Интернет. На фотографијата се гледа исфарбано куче во шари што би требало да наликува на тигар, но во различни бои, пренесува Блиц.рс.
Ова предизвика многу негативни реакции на социјалните мрежи.
Како што може да се види на фотографиите објавени на Инстаграм профилот „serbialive_beograd“ со опис: „Дали е можно ова да го направат од животно“, кучето е обоено во розова, сина и портокалова боја со црни пруги и наликува на тигар.
View this post on Instagram
Не се знае кој му го направил ова на кутрото животно, а луѓето во коментарите го осудија ваквото насилство врз животните.
Веднаш да се воведе затворска казна за секаков вид малтретирање на невини животни“, стои во еден од коментарите.
Куче и дете не се за секого“, вели друг.
Без потреба трујат животни“, напишал еден корисник.
Ужасно… На кого ова му е смешно или интересно…“, гласи друг коментар.