ФОТО | Руни Мара и Хоакин Феникс повторно ќе станат родители: Актерката го покажа трудничкиот стомак на филмска премиера

Фото: VALERIE MACON / AFP / Profimedia

Американската актерка Руни Мара (38) го очекува своето второ дете со долгогодишниот партнер, актерот Хоакин Феникс (49), пренесува „Пејџ сикс“.

Мара неодамна присуствуваше на премиерата на филмот „Кујната“ („La Cocina“) во рамки на 74. издание на Берлинскиот меѓународен филмски фестивал, познат како „Берлинале“. Актерката се појави во црн фустан на модната куќа „Живанши“, а сите погледи беа кон нејзиниот труднички стомак.

Фото: Marechal Aurore/ABACA / Abaca Press / Profimedia

Актерската двојка го доби првото дете, синот Ривер, во 2020 година. Момчето го доби името по починатиот брат на Феникс, Ривер Феникс, кој почина од предозирање со дрога во 1993 година на 23-годишна возраст.

„Ривер им го подобри животот повеќе отколку што можеа да замислат и ги зближи. Тие се многу приватен пар и сакаат Ривер да има нормално, здраво воспитување“, рекол тогаш извор.

Руни Мара и Хоакин Феникс во „Таа“ („Her“) / Фото: Image Capital Pictures / Film Stills / Profimedia

Двојката се запозна на снимањето на филмот „Таа“ („Her“) во 2013 година, но не започнале да се забавуваат додека не работеле заедно на друг филм – „Марија Магдалена“ („Mary Magdalene“) во 2018 година.

Иако актерот верувал дека Мара го презира, сфатил дека таа сепак е заинтересирана, но премногу срамежлива да му пријде.

„Таа е единствената девојка која некогаш сум ја барал на Интернет. Никогаш не сум пребарувал девојка на Интернет”, рекол Феникс.

Феникс ја запроси Мара во 2019 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот