ФОТО | Рози Мицкоска се сретна со Меланија Трамп и со нејзиниот модерен робот
Рози Мицкоска, сопругата на премиерот Христијан Мицкоски, во рамките на глобалниот самит во Вашингтон, посветен на улогата на вештачката интелигенција и образованието, се сретна со организаторката, првата дама на САД, Меланија Трамп.
Препорачано
Мицкоска накусо се сретнала со Меланија Трамп, која на настанот се појави со модерен хуманоиден робот. Од видеата објавени на социјалните мрежи може да се слушне дека Рози и Меланија, која е Словенка, не зборувале на англиски јазик, туку на мешавина од македонски и словенечки.

Владата објави и фотографија од Мицкоска со првата дама на Франција, Брижит Макрон.

Настанот бил насочен кон унапредување на образованието, дигиталната писменост и употребата на технологија и вештачка интелигенција за поддршка на децата ширум светот.
На собирот, како што извести Владата, учествувале претставници од големи технолошки компании, како и Олена Зеленска, сопругата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Сара Нетанјаху, сопругата на израелскиот премиер и многу други гости.
Овој настан во рамките на иницијативата „Fostering the Future Together“, претставува историски самит, како најголемо меѓународно собрание организирано од првата дама на САД, на кој учествувале претставници од рекордни 45 земји и водечки технолошки компании, пишува во владиното соопштение.
Сопругата на премиерот, Рози Мицкоска, е на настан организиран од Меланија Трамп во Вашингтон


