ФОТО | Ретко кој би ја познал Ена Веко денес — се пресели од Македонија и се повлече од музиката
Иако долго време не е музички активна, незаборавна е појавата на Ена Веко, првата македонска раперка.
Препорачано
Денес, таа живее во Австралија и изгледа сосема различно, но ја има задржано природната убавина.
Во историјата на македонската поп-музика, малкумина можат да се пофалат со храброста да бидат „први“. На почетокот на 1990-тите години, се појави една девојка која не само што донесе нов звук, туку и нов став. Таа е Елена Домазетовска, на јавноста позната како Ена Веко.
Ена Веко се појави како првата македонска раперка во време кога хип-хопот на овие простори беше на почетоците. Со својот специфичен имиџ, кожна јакна и мрежести чорапи, таа излезе на насловната страница на култниот магазин „Екран“ од 1992 година.
Зад нејзиниот успех стоеше Тоше Поп-Симонов, автор и продуцент на сите хитови на Ена Веко.
Денес, таа живее повлечен живот во Австралија кој не е поврзан со музиката. По долго време, Ена Веко беше присутна во јавноста лани, кога со видеопорака се обрати на комеморацијата за Тоше Поп-Симонов.
„Соработката со него беше секогаш интересна, проследена со мудрости и хумор. Беше и великодушен, ме вовлече во неговото музичко друштво со широки раце. Се грижеше за мене како за свое дете, за мене беше учител, музичар и вујко“, рече Ена Веко.
Тоше Поп-Симонов беше еден од најзначајните композитори, продуценти и аранжери во современата македонска музика. Почина на 19 април лани, на 63 години.
Како композитор, снимател, продуцент или аранжер, Поп-Симонов работеше на албуми и синглови на „Мизар“, Владо Јаневски, „Меморија“, Дарио, „Силви бенд“, „Анастасија“, Дуле и Коки, „Куку леле“, Верица Пандиловска и бројни други. Тој ги промовираше Ена Веко и „Студени нозе“.

ФОТО | Ја паметите Ена Веко? Еве како изгледа и што прави денес


