ФОТО | Рецепт за лек стар 5.000 години со кој ќе заборавите на болести: Табела со денови како треба да го пиете

Фото: Профимедиа

Во 1972 година, монах во тибетски манастир пронашол неверојатен рецепт, стар дури 5.000 години! Лекува многу болести, но со него мора да бидете внимателни – многу е силен и се користи само еднаш во пет години!

Главната состојка во рецептот за природниот лек за многу болести е лукот. Не дозволувајте тоа веднаш да ве пишмани, бидејќи нема ниту да го почувствувате при консумирањето, а на вашиот организам ќе му подарите вистинско препородување.
Поради алицинот што го содржи, лукот има силно антибактериско дејство, а одличен е и во борбата против вирусите, габичките и паразитите.

За да ја направите оваа моќна тинктура, набавете 350 грама лук и 200 мл 95-процентен алкохол или рум. Ако изберете алкохол, водете сметка никако да не содржи метанол или бензалкониум-хлорид.

Се верува дека оваа течност помага во лекувањето на атеросклероза, белодробни заболувања, импотенција, синуси (синуситис), висок крвен притисок, артритис, реума, гастритис, хемороиди, помага при слабеење, ги регулира проблемите со видот и слухот и го забрзува метаболизмот.

Подготовка:

Одделете ги чешнињата лук, исчистете ги и изгмечете. Помешајте со алкохол и сипете во стаклено шише. По 10 дена процедете го, па вратете го во шишето и оставете го да отстои во фрижидер два дена.

Примена:

Оваа лековита смеса смее да се пие најмногу 12 дена и тоа со ставање на одреден број капки во чаша вода пред појадок, ручек и вечера. Првиот ден ставете една капка пред појадок, две пред ручек и три пред вечера.

Напомена: Задолжително консултирајте се со својот лекар пред консумирањето на тинктурата.

Во табелата го имате точниот број на капки кои треба да ги ставате во текот на 12-те дена, пред појадокот, ручекот и вечерата.

Фото: Слободен печат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот