ФОТО | Рецепт на славниот готвач Џејми Оливер: Највкусниот и најздрав појадок за носење, готов за само 10 минути
Славниот британски готвач Џејми Оливер е познат по едноставните и вкусни рецепти што често ги открива на интернет и на телевизија. Сега открил брилијантен рецепт за појадок што вклучува одлични намирници како јогурт и манго, а е готов за само неколку минути.
Препорачано
Највкусниот и најздрав појадок вклучува супер состојки како манго и јогурт. Џејми го нарекол „мали чинии на сонцето“ поради ефектниот изглед. Јадење што содржи ванила и гранола е навистина лесно за подготовка и е исклучително здрава и вкусна опција за појадок што недостигот на време навистина не може да биде изговор да се прескокне.
Сите состојки се ставаат во чаша, па овој вид појадок е исто така практичен бидејќи може да се носи на работа.
– Овие „мали чинии на сонцето“ се здрав појадок или десерт за уживање во движење – рекол Џејми.
Чиниите полни со слоеви јогурт и манго се совршена опција за сите оние кои сакаат здраво да го започнат денот.

Состојки:
– 1 зрело манго
– 1 лажичка екстракт од ванила
– 180 г обичен јогурт
– 100 г мелена гранола
Подготовка:
Според упатствата на Џејми, прво излупете го мангото и извадете ја семката, а потоа ставете го во блендер и блендирајте додека не добиете мазна смеса. Алтернативно, наместо блендирање, мангото можете да го исечкате на помали парчиња.
Во мал сад, измешајте ги јогуртот и ванилата. Земете стаклен сад и ставете слој јогурт со ванила, потоа додаjте го мангото одозгора и ставете слој гранола на самиот крај. Повторувајте ги слоевите додека не ги потрошите сите состојки.
Овој здрав појадок за носење е готов за само неколку минути, а мангото можете да го замените со кое било друго овошје. Пробајте ја верзијата со круша, банана или, пак, со бобинки.



