ФОТО | Прво огласување на Швајнштајгер по веста за разводот со Ана Ивановиќ
Веста за наводниот развод на Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштагер ја изненади јавноста, а сега за првпат по веста Швајнштајгер објави нов пост на својот Инстаграм профил.
Препорачано
— Likeaboss (@Instastory88) April 16, 2025
Веста за разводот по девет години брак вчера ја пренесоа германските медиуми, но сѐ уште не е официјално потврдена.
Ова изненади многумина, бидејќи Ана и Бастијан се сметаа за олицетворение на љубовта, хармонијата и меѓусебното почитување. Нивната насмевка на црвениот килим, нивните заеднички семејни фотографии и поддршката што си ја даваа изгледаа како реткост во светот на славните.
Во пресрет на наводите за разводот, Бастијан сподели објава на својот Инстаграм профил, не осврнувајќи се воопшто на она што се пишува по медиумите.
„Ви благодарам на сите за топлото добредојде“, напиша Шванштајгер во описот на видеото на кое се гледа како навивачите го пречекуваат на аеродромот.
За потсетување, германските медиуми пренесуваат дека Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер се разделиле пред два месеци.
Шокaнтна вест пристигна од Германија: Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер се разведуваат


