ФОТО | Првата насловна страница со бремен маж го шокираше светот: Јас сум жив доказ…

Фото: Инстаграм

Бремениот трансроден маж, Логан Браун, позираше за насловната страница на изданието „Прајд“ (Pride) на магазинот „Гламур“. Во самиот наслов пишува:

„Јас сум бремен транс маж и постојам. Што и да каже некој, јас сум жив доказ.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by British GLAMOUR (@glamouruk)


Тој позираше во костум насликан на неговото тело, а насловната страница не престануваат да ја коментираат милиони луѓе.

Логан Браун е трансроден маж кој забременил со небинарна личност што се занимава со уметност. Логан го привлече вниманието на јавноста кога почна да го споделува своето искуство во бременоста на блогот „Up The Duff Man“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by LoGaN (@loganecbrown)


Овој 27-годишен маж вели дека неговата бременост била неочекувана и дека се чувствувал како „целиот свет да запрел“ кога тестот што го направил покажал позитивен резултат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by British GLAMOUR (@glamouruk)


Тој вели дека бил жртва на бројни коментари откако ја објавил веста на социјалните мрежи.

„Мажите не можат да забременат“, му пишувале во коментарите.

„Јас сум доказот дека можам“, вели Логан.

Клои Ловс од магазинот „Гламур“ се сретнала со Логан точно две недели пред да ја роди својата ќерка Нова, за да разговараат за љубовта, родовата дисфорија и други прашања што ги мачат трансродните лица.

„Она што ме прави да се чувствувам моќен како транс маж е тоа што без разлика кој и да кажам дека сум, јас сум таа личност и тоа никој никогаш не може да ми го одземе“, порачал тој во текстот кој предизвика големо внимание, како во Британија, така и во светот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by British GLAMOUR (@glamouruk)


Во моментот пишува две книги, автобиографија и една за својата бременост, која ја нарече „Стомакот на мојот татко“.

Секако, имало бројни коментари за оваа насловна страница.

„Ова е крајот“, „И тоа го доживеавме“, „Катастрофа“, „Овој свет одамна отиде таму каде што не треба“, „Немам зборови“, „Моите очи не можат да се навикнат на ова“, „Го разбирам правото на избор, но нема потреба од ваква промоција“, „Ова не е природно и тука е крајот на секоја приказна“, пишуваат многумина…

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот