ФОТО | Принцезата Шарлот наполни 11 години, кралското семејство сподели прекрасен портрет од девојчето
Принцезата Шарлот вчера го прослави својот 11-ти роденден, а по тој повод принцот Вилијам и Кејт Мидлтон објавија нова фотографија и видео од својата ќерка.
Препорачано
На фотографијата, направена за време на велигденскиот одмор на семејството во Корнвол, Шарлот е прикажана насмеана, стоејќи на сончево поле, облечена во црвено-црн џемпер и фармерки. Автор на фотографијата е познатиот фотограф Мет Портеус.

Покрај портретот, беше објавено и кратко видео од истиот одмор, во кое принцезата може да се види како игра крикет, ги гали семејните кучиња Орла и Ото и пишува порака во песокот со школки.
Од Кенсингтонската палата им се заблагодарија на сите за честитките, објавувајќи: „Ви благодариме за прекрасните роденденски пораки за принцезата Шарлот, која денес полни 11 години!“
Шарлот, која официјално ја носи титулата принцеза од Велс, е родена на 2 мај 2015 година во болницата „Сент Мери“ во Лондон. Како внука на кралот Чарлс, таа е трета во редот за наследување на британскиот престол.
Таа има двајца браќа – принцот Џорџ и принцот Луј.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
20мин
-
32мин
-
43мин
-
1час
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


