ФОТО | Претседателката положи венец пред спомен плочата на македонски јазик во „Санта Марија Маџоре“ – оваа година на лентата имало место за името на државата
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова и државно-црковната делегацијата кои се во посета на Рим и Ватикан по повод одбележувањето на Денот на сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј, денеска положија венец цвеќе пред спомен-плочата на македонски јазик во чест на делото на Светите браќа Кирил и Методиј која се наоѓа во базиликата „Санта Марија Маџоре“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3

-Чест ми е што денеска ја посетив базиликата Санта Марија Маџоре во Рим, особено значајна за нас, оти тоа е местото каде што светите браќа ја носат глаголицата и каде што за прв пат се одобрени словенските богослужбени книги. Положив венец пред спомен-плочата на македонски јазик, поставена во сеќавање на големите дела на светите браќа Кирил и Методиј, втемелувачите на словенската писменост, духовност и култура. Оддадов почит и на гробот на Неговата светост, папата Франциск чијашто мудрост, скромност и посветеност на мирот, остави траен белег во срцата на луѓето ширум светот – објави Сиљановска на социјалните мрежи.

За разлика од минатата година кога претседателката положи венец пред спомен – плочата во лента на која не стоеше името на државата, туку само „Претседател Гордана Сиљановска – Давкова“, со образложение дека лентата била кратка, оваа година на летната стои името на државата и пишува „Претседател на Република С. Македонија“.





