ФОТО | Порасна малиот Вук: Гордата мајка Тијана го испрати синот на полуматура

Тијана Дапчевиќ со сопругот Милан и синот Вук/ Фото: Принтскрин/Инстаграм

Порасна синот на пејачката Тијана Дапчевиќ. Вук пред неколку дена заврши основно училиште, по што следеше матурска прослава, а гордата мајка не одолеа да го овековечи овој момент со прекрасни фотографии.

Фотографијата на која Тијана и нејзиниот сопруг Милан позираат покрај елегантно облечениот полуматурант се најде на инстаграм-профилот на пејачката, а пораката во описот ги разнежни обожавателите.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

„Отиде детето на полуматура. Среќно сине, те сакаат мама и тато“, кратко напиша Тијана, додека од очите и потекле солзи радосници.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Не може да поверува дека веќе поминаа 15 години откако на свет го донесе своето дете.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Покрај фотографиите со полуматурантот Вук, се нижат бројни коментари.

„Вистинско момче“, „Колку е елегантен“, „Личи на Тијана“, „Згоден како татко му“, се само дел од коментарите кои обожавателите на Тијана ги напишале под фотографиите.

ФОТО | Тамара Тодевска полни 38 години: Тијана ѝ го честиташе роденденот со заеднички фотографии

ВИДЕО | Тијана Дапчевиќ како Урсула: Слушнете како звучи пејачката во улогата на злобната вештерка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот