ФОТО | Поранешниот дечко на Цеца ќе стане татко: Убавата Мисица објави фотографија од ултразвук и порача: „Бебето доаѓа“
Познатиот угостител Богдан Срејовиќ и српската мисица Јована Љубисављевиќ ќе станат родители. Двојката стапи во брак пред две недели, а сега открија дека нивното семејство ќе стане поголемо за уште еден член.
Како што дознаа српските медиуми, убавата Србинка е во четвртиот месец од бременоста, а убавата вест ја криеше од јавноста сè до денеска.
Првите гласини за бременоста се појавија кога беа објавени првите фотографии од венчавката на бизнисменост и манекенката. Иако не беше многу видливо од венчаницата, сепак се наѕираше нејзиниот труднички стомак.
Сега, кога поминаа првите три месеци, мисицата ја потврди среќната вест со објава на Инстаграм, но сè уште не е познато дали младите рдители очекуваат момче или девојче.
Имено, Љубисављевиќ сподели две фотографии – првата е од нејзината свадба, на која Срејовќ ѝ го бакнува трудничкиот стомак, а на втората е првиот ултразвук на бебето и натпис кој вели: „Бебето доаѓа“.
Да потсетиме, Богдан Срејовиќ претходно беше во брак со Зорана Тасовац, со која ја доби ќерката Искра. Сега Тасовац е во сериозна љубовна врска со пејачот Саша Ковачевиќ. Во меѓувреме, Срејовиќ беше во врска со пејачката Светлана Ражнатовиќ Цеца.
Јована Љубисављевиќ стекна регионална популарност со нејзиото учество во реалното шоу „Задруга“, каде беше во врска со Стефан Кариќ, еден од најпосакуваните ергени во Белград.