Ендру Ранкен - Фото: Принткрин/Икс/Barney Simon

ФОТО | Почина Ендрју Ранкен, тапанарот на легендарните „Поугз“

Ендрју Ранкен, тапанарот на легендарниот бенд  „Поугз“ (The Pogues), почина на 72-годишна возраст. Од него на социјалните мрежи се простија членовите на бендот, на кој му се приклучил во 1983 година.

„Со длабока тага соопштуваме дека почина Ендрју Ренкен, тапанар, основач и срцето на „Поугз“. Ендрју, ти благодариме за сè, за пријателството, духовитоста и твојата големодушност и секако за музиката. Засекогаш искрен пријател и брат. Нашите мисли и љубов се со неговото семејство во овие тажни и тешки моменти“, напишаа од бендот на Икс.

Причината за смртта засега не е позната, но славниот тапанар со години се борел со повеќе здравствени проблеми, меѓу кои и хронична опструктивна белодробна болест.

Ренкен почнал да свири тапани на 14-годишна возраст, а подоцна ги запознал основачите на култниот бенд, Шејн Макгоуан и Џем Фајнер, кои го поканиле да им се придружи. Првично ја одбил понудата бидејќи веќе бил главен пејач во бендот „Оперејшн“. Сепак, подоцна се предомислил и во 1983 година станал постојан тапанар на „Поугз“.

Неговото име се наоѓа на сите официјални изданија на бендот, од култниот деби-албум „Red Roses for Me“ од 1984 година, па сè до албумот „Pogue Mahone“ од 1996 година.

Минатата година оригиналните членови на бендот, Џејмс Фернли, Џем Фајнер и Спајдер Стејси повторно се собраа, без Макгоуан и Ренкен, за да одбележат 40 години од излегувањето на албумот „Rum, Sodomy & the Lash“. На турнејата им се придружија и повеќе гости, меѓу кои Надин Шах и членови на бендот „Fontaines D.C.“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот