ФОТО | „Планината иницијативи на Трамп роди глушец“ – погледнете како изгледа насловната страница на еден од водечките ирански весници
Иранските медиуми, од конзервативните до умерените, денеска испраќаат невообичаено единствена порака: САД го губат влијанието, Доналд Трамп ја слабее Америка однатре, а новиот светски поредок се обликува преку директна конфронтација со Вашингтон.
Препорачано
Денешните насловни страници, како што објави Си-ен-ен, а пренесе Индекс, ги прикажуваат сојузниците на САД во Заливот како заложници на политиката на Израел и Вашингтон. Геополитичкиот момент во Техеран се толкува како јасен доказ за слабеењето на американската моќ на Блискиот Исток, но и пошироко.
„Кајхан“: Ормускиот Теснец стана уште потесен
Конзервативниот „Кајхан“, весник што се смета за близок до иранскиот врв, на целата насловна страница објави наслов: „Планината иницијативи на Трамп роди глушец! Ормутскиот Теснец стана потесен“. Станува збор за познат персиски израз што се користи кога гласно најавувани проекти даваат срамно слаби резултати.
Весникот особено се фокусираше на неуспехот на планот на Трамп да обезбеди минување на бродови низ теснецот.
„Ниту еден брод не ѝ веруваше на Америка, а планот на Трамп против Иран пропадна“, пишува во текстот на „Кајхан“.
„Шарг“: Обединетите Арапски Емирати во „замка на Тел Авив“ и улогата на Кина
Од друга страна, реформистичкиот и поумерен „Шарг“ фокусот го става на Обединетите Арапски Емирати и нивните односи со Кина. Да потсетиме, Обединетите Арапски Емирати оваа недела се најдоа под ракетни напади од Иран и покрај договореното примирје.
„Обединетите Арапски Емирати се фатени во замката на Тел Авив“, пишува „Шарг“, додека поднасловот најавува „економски удар на Пекинг против САД“.
Весникот наведува дека Кина директно му пркоси на Вашингтон, барајќи од своите рафинерии да ги игнорираат санкциите за иранската нафта, додека регионалните актери како Обединетите Арапски Емирати ги гледа како жртви на стратешкото поврзување со Израел.
„Фарихтеган“: Трампизмот е пропаст на Америка
Најостриот напад доаѓа од весникот „Фарихтеган“. Тие го опишаа „трампизмот“ како директна закана за опстанокот на САД, користејќи нацистичка симболика за да го прикажат претседателот како авторитарен лидер кој е политички ослабен и сè повеќе изолиран.
„Трампизмот ќе биде пропаст на Америка“, порача „Фарихтеган“, со графика што го прикажува Трамп во изразито негативно, диктаторско светло.
Сите водечки ирански весници се согласуваат во едно – американското влијание во регионот неповратно исчезнува.
Иран дозволи бродови безбедно да преминуваат низ Ормускиот Теснец


