ФОТО | „Пивара“ Скопје со двојно поголем инвестициски план за следните две години

Фото: „Слободен печат“/Драган Митрески

„Пивара“ Скопје денеска ги промовираше новите деловни простории кои се дел од новиот двојно поголем двегодишен инвестициски план на компанијата. Овие простории ќе бидат отворени и за заедницата, посебно за младите луѓе.

На новиот деловен простор е работено во изминатите две години и според менаџментот на компанијата, новите простории ќе бидат поттик за вработените да работат креативно и тимски и во иднина.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Во компанијата веќе е започнат инвестициски циклус во вредност од околу 13 милиони евра, кој е насочен кон модернизација на производните капацитети со најсофистицирана технологија. Во следниот период, компанијата ќе вложува и во заштита на животната средина, особено во програми за справување и складирање на отпадот.

– Особено сме горди што овие простории ќе бидат отворени и за заедницата, особено за младите. Покрај веќе познатите наши програми како што е програмата за зајакнување на знаењата и вештините на младите луѓе и програмата за летна практика, планираме да иницираме и нови програми, кои ќе се фокусираат на веќе постоечкиот голем потенцијал во земјава за креативност и иновации, истакна генералниот директор на „Пивара”, Горан Сладиќ на денешната промоција на новите простории.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Ваквите инвестиции, според премиерот Зоран Заев, кој присуствуваше на промоцијата, се одлична вест за домашната економија и потврда дека во државата има стабилна и предвидлива бизнис средина.

– Одлуката на „Пивара“ за нови инвестиции, но и на останатите компании кои ги посетив изминатиот период е најдобар показател дека направивме многу за да се обезбеди стабилна, предвидлива и поволна деловна клима. Тоа ги охрабрува инвеститорите и компаниите да инвестираат во својот развој, во креирање на уште подобри услови за своите вработени, во зголемување на нивната благосостојба и во креиарање на услови за вработување на младите за да може да ја градат својата иднина во татковината, рече Заев.

Тој упати порака до бизнис секторот дека може да смета на поддршката од Владата и да не се двоуми да вложува во земјава.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот