Фото: Tayfun Coskun / AFP / Profimedia

ФОТО+ВИДЕО | Петунија победи на натпреварот за најгрдо куче во светот и освои 5.000 долари

Куче по име Петунија, мешанец од француски булдог, ја освои титулата на „Натпреварот за најгрдo куче на светот“, одржан на вашарот во округот Сонома, во Санта Роса, американската сојузна држава Калифорнија.

Петунија и нејзината сопственичка, Шенон Најман, во петокот навечер заминаа дома со парична награда од 5.000 долари и правото да се пофалат со титулата, пренесува „Си-би-ес њуз“.

Фото: Tayfun Coskun / AFP / Profimedia

Организаторите наведуваат дека натпреварот се одржува речиси 50 години и претставува доказ дека педигрето не го дефинира миленикот. Настанот не само што ја истакнува посебната и необична убавина на кучињата, туку, благодарение на него, многу миленици се спасени од прифатилишта.

Организаторите додаваат дека натпреварот е прекрасна манифестација на различноста и гордоста.

Фото: Tayfun Coskun / AFP / Profimedia
Фото: Tayfun Coskun / AFP / Profimedia
Фото: Tayfun Coskun / AFP / Profimedia

ФОТО + ВИДЕО | Осумгодишниот пекинезер Вајлд Танг е најгрдото куче на светот во 2024

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот