ФОТО | Пејачката Сенида со секси фотографија во када ги „збудале“ фановите: А како се капете вие?

Сенида/Инстаграм
Сенида/Инстаграм

Познатата балканска пејачка Сенида Хајдарпашиќ, која е позната помеѓу своите фанови како Сенидах, ги шокираше сите свои следбеници со провокативна фотографија на својот инстаграм-профил.

Сенида е позната како пејачка која кокетира со својот изглед, но секогаш во служба на музиката и нејзиниот тврд став и раперски стил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Senidah (@senida_h)

Освен со изгледот, таа е екстравагантна и во настапите, па сега со оваа фотографија ги „скокотна“ своите следбеници. Пејачката е целосно гола во када, а на неа има само зебрасти чизми и целата е покриена во пена.

Таа на сликата ужива во чаша вино, а освен црвениот кармин кој е нејзин заштитен знак, има и интензивен црвен лак за нокти.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Senidah (@senida_h)

Во описот на фотографијата стои: „А вие како се капете?“

Коментарите се од соблазнителни, до крајно комични: „А да ме почекаш и мене?“ „Јас? Опуштено“ „Колку си неверојатна“ „Уживаш“ „Чекаш да ти се придружам?“, „Со вклучен бојлер“ – напишаа следбениците под фотографијата на Сенида.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот