Фото: Инстаграм/Оријана Сабатини

ФОТО | Пауло Дибала и Оријана Сабатини станаа родители, познатата двојка доби ќерка

Аргентинскиот фудбалер Пауло Дибала (32) и пејачката и актерка Оријана Сабатини (29) го добија своето прво дете – ќерката Гиа. Бебето се родило во понеделник во римската болница „Џемели“, а двојката радосната вест ја потврди на социјалните мрежи, истакнувајќи дека и мајката и бебето се во добра состојба.

Тие ја објавија и првата фотографија од новороденчето на социјалните мрежи, каде Дибала напиша: „Аплауз за мама и тато“, додавајќи цитат од песна на Бед Бани. Меѓу првите што реагираа беше мајката на Сабатини, актерката Кетрин Фулоп, која напиша: „Бог да ве благослови“. Да потсетиме, Фулоп ја глумеше легендарната Соња Реј во тинејџерската теленовела „Млади бунтовници“ (Rebelde Way).

Малечката Гиа / Фото: Инстаграм/Оријана Сабатини

Според аргентинските медиуми, Гиа се родила малку пред предвидениот термин (11 март) и при раѓањето тежела околу три килограми. Во последните недели од бременоста, најблиското семејство на Сабатини допатувало од Аргентина во Италија за да биде покрај неа.

Нејзините родители, Кетрин Фулоп и Ова Сабатини, со недели со нетрпение ја очекувале првата внука. Фулоп постојано споделуваше моменти од престојот во Италија, пишувајќи дека е спремна за својата нова улога во животот – баба.

Оријана Сабатини и Пауло Дибала / Фото: Инстаграм/Оријана Сабатини

Саботини претходно објасни дека сакала да се породи во Италија, наместо во Аргентина, за сопругот да може да биде покрај неа во тој важен момент. Изразила желба за природно породување, доколку условите го дозволуваат тоа.

Дибала и Сабатини се запознаа во 2017 година, врската ја потврдија една година подоцна, се свршија во 2023, а се венчаа во 2024 година. Оттогаш живеат во Италија, каде што ја градат својата заедничка семејна приказна.

Рома со Дибала во клучното дерби против Наполи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот