Падна дел од таван во спортски центар во Земун / Фото: Инстаграм

ФОТО | Падна дел од таванот на спортски центар во Земун, три часа пред почетокот на натпреварот по гимнастика

Дел од таванот на главниот влез во Спортскиот центар „Пинки“ во Земун се урнал вчера утрото, три часа пред почетокот на натпреварот по гимнастика, пренесуваат српските медиуми.

Според она што утрово го видел тимот на Н1, проблемот е привремено решен со најлон. Тоа се случило вчера околу 6 часот наутро, а веќе околу 9 часот требало да се одржува натпревар во ритмичка гимнастика, но за среќа никој не е повреден, објави Н1.

На сликите што се појавија на социјалните мрежи, можеше да се види дека стаклото е напукнато, а исто така беше напишано дека цевките всушност паднале заедно со таванот, за кои се проценува дека тежат дури и до еден тон, објави репортерот на Н1.

Влезот во Спортскиот центар е затворен и поставена е црвена лента за предупредување на опасност.

Граѓаните истакнаа дека се загрижени за безбедноста, пред сè затоа што голем број деца циркулираат во салата секој ден, учествувајќи во спортски активности и настани.

Салата „Пинки“ е изградена во 70-тите години и со години имала проблеми со протекување, а како што пренесува Н1, еден од начините на кои го решиле бил со закачување кофи на таванот за собирање вода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот